Турција е епицентар на мирна дипломатија, вели Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мирната дипломатија“.
На состанокот на парламентарната група на неговата Партија, Ергодан рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и други различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и правдата надвор од нејзините граници, јави Анадолија.
„Како Турција, работиме на воспоставување клима на мир која обезбедува доверба и мир на сите страни на светот, особено на угнетените земји“, рече Ердоган, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа