Измама во Тетово: Жена остана без мебел и без 1.400 евра

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Тетово.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на 2024, жена од Тетово нарачала мебел кај пријавениот во вредност од 5.000 евра, при што оставила и капар од 1.400 евра. Но, пријавениот не ја испорачал нарачката и не ги вратил парите.

12.03.2025 - 16:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега