Уапсен Германец, снимал голи деца на плажа во Ровињ - во мобилниот биле пронајдени слики и снимки
Полицијата во Истра уапси 42-годишен Германец, обвинет за сторено кривично дело искористување на деца за порнографија со снимање и фотографирање голи деца на плажа во Ровињ, објави денеска полицијата.
Службите во Ровињ постапиле по дојава и уапсиле маж кој снимал и фотографирал голи деца на плажа во туристичкиот камп во Ровињ.
Конфискувани му се два мобилни телефони во кои при претресите биле пронајдени снимки и фотографии со инкриминирачка содржина. По завршување на кривичната истрага, осомничениот бил однесен во притвор.
Макфакс
06.08.2021 - 13:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа