Уапсен маж во Нов Белград: Присилувал девојка на проституција, обвинет е и за трговија со луѓе

 

Белградската полиција во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград уапси маж В.И. (29), кој е осомничен дека принудил девојка (21) на проституција.

Тој денеска ќе биде изведен пред обвинител.

Според информации на тамошните медиуми, тој се товари за друго кривично дело против друга девојка (24), а тоа е трговија со луѓе.

Неофицијално, тој бил уапсен во Нов Белград.

06.04.2023 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега