Уапсен таткото на момчето кое пукаше во основното училиште во Лукавац
Таткото на момчето, кое утрово тешко повреди наставник во основното училиште во Лукавац, денеска е уапсен, објави порталот „Аваз“.
Според информациите, тој бил на распит во полициската станица Лукавац каде ги објаснил сите околности поврзани со овој настан и ќе биде предаден на обвинителството.
Таткото на момчето е осомничен за кривично дело запуштање или злоупотреба на дете или малолетно лице, како и за кривичното дело од член 72 од Законот за оружје и муниција кое се однесува на неовластено набавување, држење и продавање оружје.
14.06.2023 - 19:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа