Вархеј денес со јасна порака: Сите Бугарски барања сега се дел од преговарачката рамка на ЕУ

 

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји испрати нова порака преку неговиот профил на Твитер и порача дека сите бугарски барања се дел од преговарачката рамка на Европската унија (ЕУ).

 

„ЕУ ги зема во предвид сите бугарски грижи и сега тие се дел од преговарачкиот процес. Сега е момент за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да иде дел од нашата ЕУ. Заедно ќе бидеме посилни“, напиша Вархеј.

На средбата на лидерите на ЕУ и на шефовите на држави или влади на државите од Западен Балкан, ќе учествува и премерот Димитар Ковачевски. 

23.06.2022 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега