Василев ќе оди кај Радев, ама не знае дали обезбедил мнозинство

 

 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во 17 часот ќе го прими кандидатот за премиер Асен Василев, предложен од најголемата пратеничка група во Народното собрание – Продолжуваме со промената.

На Василев пред 7 дена му беше врачен мандатот за формирање влада, но сè  уште нема потврда дали Продолжуваме со промената ќе успее да обезбеди мнозинство или ќе го врати мандатот.

Доколку тоа се случи, уставната процедура продолжува со предавање на мандатот на втората по големина парламентарна формација, таа на ГЕРБ.

И денеска Продолжуваме со промената ќе бара поддршка од најмалку 121 пратеник за да гласаат за новата влада.

Пратениците од БСП и ДБ не се доволни за мнозинство. Затоа мандатарите разговараат со претставници од другите партии. На крајот на вчерашниот ден, кандидатот за премиер Асен Василев рече: „Не постигнавме значителен напредок“.

Василев ја отфрли опцијата за малцинска влада:

„Дури и при прифаќањето на мандатот изјавив дека ако немаме 121 пратеник, нема смисла да го претставиме составот и да гласаме во Националното собрание. Малцинска влада во таков парламент не може да биде одржлива и одговорна“, рече тој, пренесе Бугарското национално радио.

08.07.2022 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега