(ВИДЕО) Драма на небото: Се запали мотор на „Американ ерлајнс“, патниците бегаа преку крилото на авионот

 


Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи тобогани, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Авиокомпанијата потврди дека сите 172 патници и шесте членови на екипажот можеле безбедно да го напуштат авионот, иако шест патници потоа биле пренесени во локалната болница за дополнителни проверки.

Летот 1006 на Американ Ерлајнс од Колорадо Спрингс до Далас, кој превезувал патници во авионот Боинг 737-800, слетал во Денвер откако екипажот се пожалил на вибрации на моторот, соопшти ФАА. На социјалните мрежи беа објавени драматични снимки од патници кои стојат на крилото на авионот пред да бидат евакуирани, додека од моторот се шири густ чад.

Американ ерлајнс соопшти дека авионот слетал безбедно и пристигнал на аеродромот, но потоа доживеал „проблем поврзан со моторот“. Според сајтот за следење летови FlightRadar24, авионот стар 13 години, бил опремен со два мотори CFM56, произведени во соработка помеѓу GE и Safran.

ФАА најави истрага за инцидентот. Портпаролот на меѓународниот аеродром во Денвер потврди дека пожарот е изгаснат и дека летовите продолжиле без прекин. Боинг одби да го коментира инцидентот и ги префрли сите прашања до Американ ерлајнс и истражителите. GE сè уште не одговорил на барањето за коментар.

14.03.2025 - 09:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега