ВИДЕО: Гори облакодер во Загреб – има повредени

 

 

Голем пожар избувна во хрватската престолнина Загреб во облакодер.

Пожарот избувнал на 9-от кат, но брзо се проширил на погорните катови. Противпожарните служби успеале да спасат осум луѓе, две кучиња и една мачка. Четворица се повредени, а пожарникарите морале да му пружат помош и на едно од кучињата бидејќи вдишало чад.

ЈВП Загреб на својата Фејсбук страница објави видео од спасувањето. Снимката е снимена со дрон и покажува како пожарникарите на голема височина се приближуваат до запален балкон.

08.06.2021 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега