(ВИДЕО) Срамно: Ученици се изживуваат врз наставиничка во Трстеник
Срамни сцени се забележани во Техничко училиште во Трстеник, Србија, каде што ученици за време на час се изживуваат со наставниката.
Еден од нив го извлече столчето на кое седеше, па несреќната жена падна на подот.
Наставничката прво им кажа дека е некултурно да се стои зад грб на некого, а потоа тие почнаа да ја малтретираат и да ѝ се смеат.
Видеото се појави на социјалните мрежи и може да се погледне на „Курир.рс“.
17.11.2022 - 09:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа