Избегнувајте патување во Грција на 28. февруари – најавен голем 24-часовен штрајк

 

Граѓаните кои имаат намера да патуваат во Република Грција на 28. февруари, треба да го земат во предвид дека ќе има голем штрајк.

Посебно внимание се посветува на оние кои ќе патуваат со брод, и се препорачува да ги следат дополнителните промени во распоредот на патувањата.

На 28. февруари, Грција ќе одржи 24-часовен сенароден штрај, во организација на трите најголеми синдикални организации во земјата, по повод втората година од катастрофата на возот во Темпи. Штрајкот ќе ги зафати јавните услуги и превозот кај јужниот сосед, вклучувајќи ги и такси услугите и движењето на траектите и товарните бродови.

Предвидено е да се одржат протести на плоштадот Синтагма во Атина, а исто така ќе бидат затворени улици и булевари.

Во железничката несреќа во близина на Темпи, загинаа 57 лица.

21.02.2025 - 22:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега