Тошковски: Новиот обвинител треба да даде поголем придонес во борбата против организираниот криминал и корупцијата

 

Новиот државен јавен обвинител ќе треба да игра клучна улога во зајакнувањето на легитимитетот на борбата против организираниот криминал и корупцијата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На новинарско прашање за најголемите забелешки во работата на актуелниот државен обвинител Љупчо Коцевски, чија смена ја иницира Владата, Тошковски кусо прокоментира дека ставот на Владата по тоа прашање е веќе добро познат.

„Не би сакал овој настан да го насочам кон теми што не се од клучно значење во овој момент“, додаде тој, одговарајќи по јавната дебата „Безбеден град“.

Во однос на тоа дали Коцевски не бил доволно ефикасен во справувањето со организираниот криминал и високата корупција – области каде што од неговиот наследник се очекува поголем ангажман – Тошковски повтори: „Јасен е ставот на Владата“.

На седницата одржана во вторникот, Владата го задолжи Министерството за правда да подготви предлог за разрешување на државниот обвинител. Документот ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители, кој треба да даде свое мислење пред да се донесе конечна одлука.

21.02.2025 - 19:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега