Во Хрватска 110 нови случаи на коронавирус, две лица починаа

 

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 110 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а бројот на активни случаи е 624. Меѓу нив, 121 пациент се во болница, од кои тројца се на респиратор, објави „Индекс.хр“.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 360.593 лица заразени од новиот коронавирус, од кои 8.226 починале, а вкупно оздравеле 351.743 лица, од кои 80 во последните 24 часа.

Во моментот 3.479 лица се во самоизолација.

08.07.2021 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега