(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Судир на пругата Белград-Бар: Воз турнал автомобил неколку стотина метри, жена починала на лице место
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како воз со полна брзина удира во автомобил „опел“ во селото Попучко. Во несреќата на пругата Белград-Бар загина жена В.А.(61) од Ваљево.
Камерата го снимила моментот кога возот удрил во автомобилот во кој седела жената.
Возот го турнал автомобилот неколку стотици метри. Жената починала на лице место.
11.04.2023 - 11:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа