За само три дена дизелот поскапе за 21,5 денари
За само три дена, од вторникот на полноќ дизелот поскапе за 21,5 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика предмалку ги објави новите цени по кои бензинските пумпи од полноќ ќе точат гориво и нафтени деривати.
Согласно новата одлука, дизелот поскапува за 3 денари од денешната цена и наместо 94 ќе се точи за 97 денари за литар. Цената на бензинот остана непроменета
Од почетокот на руската инвазија на Украина, горивата и нафтените деривати поскапуваат од ден на ден. Во понеделникот РКЕ донесе одлука со која наместо еднаш неделно, промена на цените ќе прави секогаш кога на берзите ќе се бележат големи осцилации за да не дојде до поголеми ценовни шокови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа