Закани за поставени бомоби на повеќе локации во Загреб: Еевакуирани трговски центри и судови

 

 

Поради дојава за поставени бомби во Загреб, евакуирани се трговски центри и судови, пренесуваат хрватските медиуми.

Полицијата го евакуираше просторот кај Велесајм, трговскиот центар Авенија мол, како и два други суда во Нови Загреб.

Од полицијата потврдија дека во тек е проверка на терен, јавува Дневник.хр.

„Евакуација во Авенија мол, сите мораа да се евакуираат, полицијата разговараше со обезбедувањето на приземјето. Беше кажано дека евакуацијата е поради пожар, но најверојатно се работи за дојава за бомба“, изјавија за Индекс.

18.04.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега