Анкета: ГЕРБ на Борисов прва - „ВМРО“ на Каракачанов последна
ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов е прва според довербата кај граѓаните со 23,8 отсто, покажува најновата анкета на Сова Харис спроведена кон крајотна октомври и почетокот на ноември, на барање на Дир.бг.
Втора на листата е БСП со 16,7 проценти.
Алијансата на Кирил Петков и Асен Василев останува трета со 15,6%, а по неа е ИТН со 13,4%. МРФ е на петтото место според истражувањето со 9,7%. Исклучителен пад бележи коалицијата на Христо Иванов и ДБ и остана шеста со 9,1%. Маја Манолова и ИБГНИ остануваат на прагот за влез во Народното собрание со 4,1%, објави агенцијата „Сова Харис“, пренесува бугарски Трибуне.
Интересно е тоа што лидерот на таканаречената партија ВМРО предводена од нивниот симпатичен лидер, Каракачанов , е последна партија на оваа анкета со само 2,1% од довербата на Бугарските граѓани.
Парламентарните избори во Бугарија се закажани за 14 ноември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа