Десетина малолетници од забава во Белград во бессознание завршиле во болница, полицијата истражува што им ставиле во пијачките
Група од 16 малолетници, синоќа беа пренесени од Ада Циганлија во Воено-медицинската академија во бессознание, но утрово биле пуштени дома, пренесуваат белградските медиуми.
Момчето кое присуствувало на синоќешната забава на Ада Циганлија во Белград, а за кое се веруваше дека се удавило, бил пронајден жив, но пијан.
Белградската полиција го пронашла, откако претходно било пријавено дека е исчезнат, а бидејќи синоќа околу 3 часот бил виден како влегува во вода и не пливал, се сомневале дека се удавил.
Како што јавуваат српските медиуми, засега не е познато што довело до губење на свеста кај децата. Истрагата е во тек, а полицијата уапси келнери и управител на кафеана на Ада за да се утврди што им било дадено на малолетниците кои паднале во бессознание.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа