Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет потпишуваат Меморандум за соработка

 

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет.

Како што соопштија од Министерството за финансии, Меморандумот ќе го потпишат министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески.

По потпишување на Меморандумот ќе следуваат изјави за медиумите од  министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески. 

06.03.2025 - 08:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега