Директорката на училиштето „Владислав Рибникар“: Немав време да се занимавам со невистини
Снежана Кнежевиќ, директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“, каде се случи масовното убиство проговори за Телеграф.рс.
„Знам дека должност на секој што е на чело на јавна институција е да комуницира со медиумите, а особено сега. Да им се обрати, но ние сме во ситуација во која досега никој не бил“, изјави Кнежевиќ.
Директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ за „Телеграф.рс“ објасни дека како и досега се води од моралот и дека сака достоинствено да завршат сите процеси во оваа посебна ситуација.
Сакала, да ги испрати сите починати деца во вечното почивалиште, како и чуварот на тоа училиште но и да ја следи состојбата на останатите ученици и наставничката кои беа ранети во овој масакр.
„По ваквите настани немав време да се занимавам со невистините што се појавија во медиумите“, истакнува таа и додава дека најмногу се занимавала со процесот во кој сите во училиштето се обидуваат да најдат решение на најдобар можен начин за децата.
Уште еднаш побара трпение и порача дека навремено ќе одговори на сите прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа