Драма на аеродромот во Загреб: на авион му откажале сопирачките при слетување, удрил во друго возило
На аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб се случила несреќа, кога авион во вечерните часови слетал на пистата и продолжил да се движи кон паркинг просторот, но му откажале сопирачките и удрил во друго возило.
Авионот застанал пред карго терминалот на аеродромот. Во несреќата нема повредени, а се уште не е утврдена точната материјална штета.
Станува збор за авион стар 34 години кој сообраќа на релација Загреб – Сараево.
Од аеродромот потврдија дека оваа несреќа навистина се случила за време на паркирањето на авионот и дека нема повредени.
Оттаму изјавија дека за настанот била известена Агенцијата за истражување на незгоди во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа