ВРЕДИ: ДУИ го чувствуваат својот крај
ДУИ знае дека Албанците веќе не им веруваат! Тие го чувствуваат својот крај и се обидуваат да шират страв и тензии за да ги спасат сопствените кожи. Сите знаат дека ДУИ е синоним за измами и лажни вести, велат од ВРЕДИ.
„Но, Албанците веќе не се лажат! ДУИ мора да одговори: Што мисли НАТО за бојкотот на изборите и за политичката дестабилизација? Зошто ДУИ не ја кажува вистината? Затоа што знаат дека патот на кризата не им служи на Албанците, туку само на оние што се борат по секоја цена да вратат на власт!
Ниту една измама не може да ја скрие реалноста! Албанците одлучија: ДУИ оди во историјата! Нема да дозволат една очајна група да ја држи нивната иднина во заложништво“, посочуваат од ВРЕДИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа