Хорор во Сплит: татко се обидел да си го удави бебетo
Маж од Хрватска се обидел да си го удави своето неколкумесечно бебе, кое сега е во болница во Сплит, а постарото дете било сместено во детска установа.
32-годишникот е уапсен по ноќна бркотница на Клис, а по полициската постапка, најверојатно ќе биде пријавен за тешко убиство во обид. Кога полицијата го уапсила, тој сѐ уште бил агресивен и давал отпор, објавија хрватските медиуми.
Бебето, кое имало симптоми на давење, во сплитската болница го донела мајката, а лекарите ја известиле полицијата.
Кога полицијата дошла по 32-годишникот, тој се заклучил со постарото дете, а потоа побегнал.
Центарот за социјална работа во Солин донесе итна мерка според која и бебето и постарото дете од предучилишна возраст се одвоени од семејството.
Бебето не е во животна опасност и е хоспитализирано, како и мајката, која поради голем шок е сместена на психијатриското одделение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа