„Jaffa“ го повлекува „Rum kasato“ од пазарот - позната причината
Компанијата Jaffa doo Crvenka информира дека доброволно повлекува одредени количини од производот Rum kasato 120g поради можност за присуство на тврди шеќерни парчиња.
Од компанијата нагласуваат дека повлекувањето се однесува само на одредени серии, додека сите останати производи се безбедни за употреба и со стандарден квалитет.
„Довербата на нашите потрошувачи и нашата посветеност кон највисоките стандарди се наш приоритет,“ се вели во официјалното соопштение на Jaffa Crvenka.
Компанијата ги повикува сите потрошувачи кои купиле производи со наведените датуми да ги контактираат на [email protected] за соодветна замена на производот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа