Тензии во кочанско Тркање – жителите се скараа со градоначалникот
Денешниот протест во кочанското село Тркање, организиран од група револтирани граѓани поради крајно лошата состојба на т.н. пазарски пат, се одвиваше во тензична атмосфера.
Жителите го блокираа приодот од правецот на индустриската зона кај компанијата „Амфенол“, траса која понатаму води кон стариот пат Кочани – Штип и минува во непосредна близина на нивните домови.
На терен пристигна и градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, придружуван од претставници на општинската администрација, со цел лично да се сретне со граѓаните и да го слушне нивниот глас.
Меѓутоа, средбата помина во напната атмосфера. Дел од насобраните жители бурно реагираа на обраќањето на Крстевски, кој потенцираше дека проблемите може да се решаваат само преку институционален дијалог.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа