Лефков: Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев, си правеше екскурзии со хеликоптер низ Македонија

 

Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев, си правеше екскурзии со хеликоптер низ Македонија, обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на прес-конференција во партиското седиште. 

-Филипче и неговиот ментор Заев, одеа на настани со хеликоптер во Прилеп и Битола, трошеа државни пари за екскурзии и правење на ќефови. Ќефовите кои си ги тераа криминалниот тандем Заев и Филипче, беа доказ за тоа дека немаат способност да ја водат државата. Нив ги интересираа само нивните лични интереси, односно тендерчињата и провизии, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај. Хеликоптерот со кој летаа Заев и Филипче, можеше да се употреби и за спас на човечки животи, но наместо за спас на човечки животи, хеликоптерите на државата се користеа за еднодневните екскурзии на Заев и Филипче. Филипче и Заев, покажаа како не треба да се води држава. Покажаа како државата може да пропадне економски, да се иселат младите и секојдневно бевме сведоци на коруптивни скандали, кои беа приредени од тогашната власт на СДС и ДУИ, рече Лефков.

Според него, Филипче не може да глуми загрижен граѓанин и не може да биде новото лице на опозициската СДСМ бидејќи, како што рече, е продолжена рака на Заев и Ковачевски.

10.03.2025 - 12:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега