Малолетник се заканувал и пукал со пушка во околината на Модрич
Малолетник во Модрич се заканувал со пушка, а потоа испукал еден истрел во воздух.
Имено, вчера околу 00:35 часот во полициската станица во Модрич било пријавено дека на спортски терен на подрачјето на општината настанала вербална расправија помеѓу малолетник од подрачјето на општината и друго лице со иницијали М.М од подрачјето на општина Шамац, пишува „Српскаинфо“.
Малолетникот ја извадил пушката и испукал еден истрел во воздух и се оддалечил од местото на настанот, соопштија од Полициската управа во Добој.
За се е известен дежурниот обвинител на ОЈО Добој, пишуваат медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа