Масовните убијци се пресметливи нарциси: психолошките профили на Коста и Урош се речиси идентични

 

 

Монструмите Коста К.(13) и Урош Блажиќ (20) кои во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар и во селата кај Младеновац убиле 17 млади и раниле уште 20, не биле психички болни и биле здрави кога  отвориле оган. Според експертите, станува збор за пресметливи нарциси, кои под влијание на своите семејства мислеле дека се подобри и повредни од другите, поради што туѓите животи воопшто не им биле важни, пренесуваат српските медиуми.

Професорот Радослав Свиќевиќ, психолог и магистар за социјална медицина вели дека психолошките профили на масовните убијци од Врачар и Младеновац се речиси идентични.

„Објаснувањето за двата масакри може да се најде во профилите на личностите, со соработка на семејни, училишни и пошироки општествени фактори. Кога станува збор за Коста, создадена е личност која во суштина, по карактерни особини, е нарцисоидна личност, пречувствителна, одмаздољубива и склона кон агресивни реакции. Таквата личност во основа е нестабилна, лесно „кревка“ на некои навреди или животни неуспеси. Ако се гордее што е најдобар во се, а во следен момент се испостави дека е полош од другите во нешто, тоа кај него предизвикува нарцисоидна траума“- забележува психологот.

Коста К.(13) и Урош Блажиќ (20) кои убија 17 млади луѓе во училиштето „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац, при злосторството биле здрави и детално испланирале се.

„Коста не е шизофреничар, но е крајно пресметан. Нарцисоидниот профил на личноста не може да се класифицира како сериозна патологија, туку како посебна карактерна особина, која на крајот може да доведе до шизоидни особини на личноста. Тоа го поткрепува и тоа што во еден момент пред злосторството прецртал едно лице од списокот за убиство. Тој со тоа покажа како размислува и кои се неговите намери. Сè што правеше, правеше со контрола на свеста и разумот“, вели тој.

Психологот посочува дека сличен профил на личност има и Урош Блажиќ, масовен убиец од Дубона кај Младеновац.

„Тој млад човек е полн со себе, многу внимаваше на своето тело, а во средината во која живееше сакаше да биде посебен. Дефинитивно бил презаштитен од неговите родители. Го живееше својот живот, сакаше да реализира некои желби кои не беа во согласност со неговите реални можности. Потребата да се сврти вниманието кон себе го илустрира видеото од социјалните мрежи во кое  се капе во ладна вода, со снег, каде што истакнува дека негов пример е поранешниот затвореник Кристијан Голубовиќ“ нагласи д-р Свичевиќ.

10.05.2023 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега