Нафтата паѓа на берза а Регулаторна најавува повисоки цени

 

Цената на суровата нафта на светските берзи се намалува, а Регулаторната комисија за енергетика објавува повисоки цени. Причина за тоа како што велат од Регулаторна е фактот што тие прават просек на цените од последните 5 дена во кои се уште влегуваат оние денови кога цената на барел нафта на светските берзи се движеше и над 130 долари.
Денеска барел нафта е под 117 долари а во текот на вечерта се спушти и под 110 долари.
Денеска во однос на вчерашниот ден еден барел нафта е поевтин за околу 13 долари.
Вчера доцна вечерта РКЕ донесе одлука со која повторно ги зголеми цените на горивата и тоа за 8,5 денари дизелот и за 3,5 денари бензините.
Во понеделникот бензините поскапеа за 5,5 денари а дизелот за 10 денари по литар.
Тоа значи дека за 3 дена бензинот поскапи за дури 9 денари а дизелот за неверојатни 18,5 денари по литар.

 

10.03.2022 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега