Киселината и ги уништила сите органи - Нови детали за грозоморното убиство на Драгана

 

Чедомир Ѓуриќ (66) од српското село Салаш брутално ја претепал и убил младата девојка Драгана Ќириќ (18) од истото село, а додека сѐ уште давала знаци на живот ја натерал да се напие смртоносен раствор – солна киселина. Потоа телото го фрлил во езеро.

Ја повикав Драгана да разговараме, сакав да ја убедам да престане да се гледа со други момчиња. Дојде до кавга и почнав да ја удирам. Престанав кога таа веќе не мрдаше.

Ова, како што неофицијално дознава српски „Курир“, го рекол 66-годишниот Ѓуриќ на сослушувањето во полиција која завчера го уапси поради брутално убиство на матурантката Драгана, чие тело е пронајдено во Глоговачко Езеро. Наводно тој бил во врска со тинејџерката, а мотивот за злосторството е љубомора.

Како што дознава весникот, Драгана Ќириќ починала во најтешки маки.

- Телото беше деформирано. Утврдено е дека солната киселина буквално ѝ ги уништила внатрешните органи. Имала голема мака бидејќи била жива додека ја голтала солната киселина – вели соговорник од истрагата.

Ѓуриќ бил вљубен во Драгана, која била матурантка во Економското училиште и живеела во интернат во Зајечар. Постојано ѝ купувал подароци, но проблемот настанал кога девојката почнала да се гледа со други момчиња.

- Ја повикав за да ѝ објаснам дека веќе не треба да се гледа со други. Сакав само со мене да го поминува времето. Се расправавме. Ми го искрши телофонот и збеснав, па ѝ удрив шлаканица. Таа скокна врз мене. Се избезумив и почнав да ја удирам со тупаници, а потоа и со нозе додека сѐ уште даваше знаци на живот – признал Чедомир.

Потоа го фрлил телото во езерото.

Сопругата на Чедомир, пак, тврди дека тој е невин и вели дека Драгана била негова миленичка.

- Ѝ купувавме сѐ што ќе посакаше. Немаме деца, а Чедо посебно ја сакаше. Но, кога почна да се мота со момчиња, беше дрска спрема нас, нѐ избегнуваше и нѐ нарече цигани. Нејзините момчиња почнаа да го прогонуваат Чедо, а еден од нив и го натепа – раскажува сопругата Милосава.

Таа уверува дека нејзиниот сопруг е невин и дека „тоа го направиле нејзините момчиња“.

- Соругот ми рече: „Ќе признаам сѐ, само да ме тепаат“. Ако нешто кажал, тоа е поради тоа што е болен и не трпи удари. Стравувам дека некое од момчињата ќе ме нападне. И нејзиниот очув ни се закануваше дека ќе фрли бомба на нашата куќа – вели Милосава.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега