Курдските бунтовници предупредуваат на можно обновување на судирит

 

Командантот на курдските бунтовници Мурат Карјлан денеска предупреди дека борбите во југоисточна Турција може да се обноват пред парламентарните избори закажани за јуни, доколку не се постигне напредок во напорите мирно надминување на курдскиот конфликт, соопштија американските медиуми.

Карајлан, како еден од комадантите на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), коментарот го даде само на неколку дена откако турските и курдските официјални претставници соопштија дека процесот за мирно решавање на курдскиот проблем навлезе во „нова фаза“ по масовните протести на Курдите од почетокот на октомври, кои му се заканија на процесот на преговори.

 

Во масовните курдски демонстрации од почетокот на октомври во знак на протест против одбивањето на Анкара со воена сила да интервенира во заштитата на курдските борци од сирискиот град Кобане, што беше опколен од џихадистите од групата Исламска држава, загинаа приближно 40 лица.

 

Карајлан за ирачкиот телевизиски канал Ројњуз истакна дека лидерот на ПКК; Абдула Оџалан, кој на островот Имрала издржува доживотна затворска казна, до април може да биде ослободен од затвор доколку преговорите за изнаоѓање мирно решение на курдскиот проблем забележат напредок.

 

Карајлан, меѓутоа, се закани дека судирите во југоисточна Турција, во која главно живеат Курди, може да се обноват пред парламентарните избори во јуни, доколку нема напредок во преговорите.

Турција кон крајот на 2012 година почна преговори со Оџалан со цел да се најде решение за курдскиот конфликт, што од 1984 година досега го однесе животот на десетици илјади лица.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега