ФОТО: Хрватот повторно ги освои вардаровите срца: Столе му пиша дека не му стои жолто, а тој му возврати
Лука Циндриќ уште во подготвителниот период најави дека ќе биде еден го главните играчи на Киелце во новата сезона. Хрватскиот репрезентативец и екс-вардарец на својот „Инстаграм“ профил се пофали дека бил прогласен за најдобар играч и прв стрелец на Шчипурно Куп.
Меѓу бројните честитки и пораки од фановите на Вардар, впечатлива беше онаа на капитенот на македонскиот шампион, Столе Стоилов: Не ти стои жолто! – пиша големиот борец на „црвено-црните“.
Откако Столе му го пиша ова, Циндриќ го најде најдобриот одговор. Хрватскиот репрезентативец со само една реченица одново ги освои срцата на фановите на македонскиот шампион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа