Статистика: Невработеноста во Македонија падна под 18%

 

Се намали стапката на невработеност на 17,8 отсто во првиот квартал од годинава, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на четвртиот квартал лани стапката на невработеност е намалена за 1,6 отсто, а во однос на првиот квартал лани 3,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2019 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 960.743 лица, од кои вработени се 789.414, а 171.329 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,1 отсто, стапката на вработеност 46,9 отсто

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега