На македонско четиричлено семејство му биле потребни минимум 32.941 денари за да ги задоволи основните потреби
На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни минимум 32.941 денар за да ги задоволи основните потреби.
Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари или 13.888 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.421 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.355 денари, а за превоз 2.363 денари. За облека и обувки биле потребни 2.136 денари, за културни активности 1.066 денари, а за здравје 708 денари.
07.04.2020 - 16:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа