Нафтата во цел свет се прелива од танкерите и складиштата
За само три или четири недели светот нема да има каде да ја складира нафтата, изјави сопственик на една од најголемите енергетски компании „Гунвор“, Торборн Торнквист.
Место моментно скоро и да нема во складиштата и танкерите. Трејдерите активно купуваат нафта на пазарот со оглед дека цената е на рекордно ниско ниво. Тоа овозможува дополнителен приход – нафтата која е евтино купено подоцна ќе се препродава по повисока цена со одложена испорака.
Според мислењето на Торнквист, доколку и по намалувањето на производството по договорот на ОПЕК нивото на продажба остане на ниво од 12-13 милиони барели дневно нема да се промени состојбата.
Директорот на „Гунвор“ објасни дека во април понудата е поголема од побарувачката за 25 милиони барели.
Рафинериите на нафта во Русија исто така наскоро нема да имаат каде да ја складираат, па ќе бидат принудени да изнајмуваат цистерни од железниците. Меѓутоа, од технички причини невозможно ќе биде да се запре производството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа