Најголем пад на производството во САД од Втората светска војна
Производството и вкупното индустриско производство во Соединетите Американски Држави забележаа најголем пад од демобилизицаијата во таа земја по Втората светска војна.
Федералните резерви вчера соопштија дека производството во минатиот месец е намалена за 6,3 отсто, пред сѐ поради падот на производството во авто-индустријата бидејќи сите фабрики се затворени.
Севкупно, индустриското производство кое вклучува фабрики, комуналии и рудници е паднато за 5,4 отсто, што е најголем пад од 1946 година и ги надминаминува песимистичките очекувања на економистите.
Производството на автомобили и авто-делови падна за 28 отсто, во комуналните претпријатија за 3,9, а во рудниците 2 проценти, бидејќи е намалена експлоатацијата на нафта и на гас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа