На Европа ќе ѝ требаат уште 500 милијарди евра за да се опорави
Европа веќе има договорен пакет за помош 500 милијарди евра.
Освен тоа, неопходни ќе бидат уште најмалку толку за економски да се врати на нозе по пандемијата со коронавирусот, Клаус Реглинг, генерален директор на Европскиот стабилизациски механизам.
Вели дека најлесен начин за обезбедување на тие средства ќе биде преку Европската комисија и буџетот на ЕУ.
-Би рекол дека во втората фаза ни се потребни најмалку 500 милијарди евра од европските институции, а можеби и повеќе. За тоа мораме со отворен ум да размислуваме нови инструменти, но и да ги користиме постоечките институции зашто така е најлесно, вклучително пред сѐ Комисијата и буџетот на ЕУ, рече Реглинг.
Министрите за финансии на ЕУ на 9. месецов договорија пакет финанска помош за државите, компаниите и граѓаните во висина од 540 милијарди евра.
Исто така, се сложија дека Еврозоната, на која ММФ и предвидува пад од 7,5 отсто оваа година, ќе и бидат потребни пари за да се опорави, но имаа различни гледишта за потребниот износ на средства како и за тоа од каде ќе се обезбедат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа