Ново финансирање на ЕБОР во Македонија во време на корона кризата

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) насочи 2,5 милиони евра кон „Охридска банка“ АД Скопје со кои ќе се поддржат проекти за енергетска ефикасност во резиденцијални објекти.

Ова е прв потпишан договор за кредитирање од почетокот на глобалната криза, со кој ќе се поддржи енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе се помогне во намалувањето на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина и ќе се подобри квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата. 

– Со потпишувањето на овој кредит денес, ЕБОР покажува дека е подготвена да ги поддржува партнерските банки  во сите околности. Забележуваме дека побарувачката за кредити за енергетска ефикасност продолжува во време на криза и тука сме да ги поддржиме клиентите на Северна Македонија во зелената транзиција, вели Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во земјава.

Ова финансирање е трет кредитен договор со „Охридска Банка“ АД Скопје од Програмата за поддршка за зелена енергија.

Охридска Банка“ АД Скопје, во 2019 година ја смени сопственоста и стана дел од  Штаермаркише Шпаркасе групацијата, но е долгогодишен партнер на ЕБОР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега