Хаос во Турција: Беснеат пожари и поплави – најмалку еден загинат

 

Два пожари сѐ уште беснеат во Турција, а во исто време на северот на земјата се соочува со страшни поплави.

Повеќе од 80 пожарникарски возила и околу 350 пожарникари се бореа денеска со пожарите во провинцијата Мугла. Тие водеа вистинска битка со ветрот кој ги попречуваше напорите на пожарникарите.

Сепак, добрата страна е што во моментот нема закана за населените места.

И додека западот од државата се бори со пожарите, северот на Турција е погоден од обилни дождови и поплави. Во градот Бартин на околу 400 километри источно од Истанбум едно лице се води за исчезнато откако надојдените води носеле автомобили, оштетија куќи и уништија патишта, објави Анадолија.

11.08.2021 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега