Германската Влада ја повика Европската унија да воведе санкции против Додик
Германската Влада денеска ја повика Европската Унија да воведе санкции за членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
За Германија се неприфатливи обидите на Додик да ја одвои Република Српска од вооружените сили на БиХ, судството и даночниот систем.
– Неговите обиди за отцепување се неприфатливи, што исто така значи дека сегашниот режим на санкции сега треба да се користи против господинот Додик, за што се залагав овде во Брисел, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со колегите во Брисел.
Бербок ги повтори коментарите на нејзиниот претходник, поранешниот министер за надворешни работи Хајко Мас, еден ден пред да се состанат министрите на ЕУ за да разговараат за ситуацијата во БиХ.
Лидерите на ЕУ подетално ќе разговараат за ситуацијата на Балканот на самитот на европскиот блок со нивните источни соседи што ќе се одржи во среда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа