Беснеат големи пожари во Словенија: Пожарникарите се исцрпени (ФОТО)
Три големи пожари моментално се активни на територијата на Словенија. Пожарникарите кои цела вечер се бореле со огнената стихија се исцрпени, информираат од пожарникарската единица Рибница.
Словенечките медиуми јавуваат дека нивната најголема грижа била пожарот во селото Кларичи, блиску до италијанската граница. Во гаснењето на самите пожари покрај пожарникарите, вклучени се и канадери и специјалци од Хрватска и Словачка.
– Сите надлежни служби добро си ја вршат работата. Словенечката армија е активирана, во готовност е и пешадијата во случај на потреба – напиша претходно денеска на Твитер словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец.
Подоцна тој за медиумите изјави дека околу 1.100 пожарникари го гаснат пожарот.
Minister @sarecmarjan: Situacija se zaostruje, na terenu gasi približno 1100 gasilcev, pripadnikov @Slovenskavojska, @policija_si. pic.twitter.com/rKEBy8OEVs
— Ministrstvo za obrambo RS (@MO_RS) July 21, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа