Реконструкција на масакрот во училиштето во Белград

 

 

Сè почнало утрово околу 8.30 часот кога Коста пристигнува во училиштето. Почнал да се расправа со чуварот, а потоа, кога тој се обидел да го смири, Коста почнал да го клоца, па извадил пиштол. Пукал во чуварот и продолжил да се движи, пишува „Пинк“.

Сретнал тројца другари во училишната сала. Ги убил и нив.

Потоа отишол во училницата, каде што имал историја. Пукал кон наставничката, ја ранил, а потоа учениците скокнале врз него во обид да го спречат неговото дивеење.

Таму убил уште петмина ученици. Но, не прекинал. Продолжил да пука, дури и кога паднал на подот.

На таванот останале три дупки од неговите куршуми испукани при падот.

Според последните официјални информации, во училиштето се убиени осум ученици, како и членот на обезбедувањето. Повредени се шест ученици и една наставничка.

03.05.2023 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега