Малолетникот кој уби девет лица нема да одговара за убиството
Утринава Светот го потресе веста за страшната трагедија која се случи во Србија. Имено 14 годишно дете со пиштол уби осум свои врсници и едно возрасно лице.
Според српските закони малолетникот кој уби девет лица нема да биде третиран како помлад малолетник туку како дете што практично значи дека не може да преземе законска одговорност.
Непосредно по нападот, убиецот сам се пријавил во полиција и им признал дека месец дена го подготвувал убиството а со себе имал и точна мапа од училиштето.
Според информации на полицијата, малолетникот и претходно бил повреден во врсничко насилство а веројатно бил и жртва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа