La casa de papel – една од 17 партии кои поднесоа листи на изборите во Црна Гора
За парламентарните избори во Црна Гора, кои се закажани за 11 јуни, свои листи поднесоа 17 политички субјекти.
До истекот на рокот на полноќ листи доставија „Правда за сите“ Владимир Лепосавиќ, листата „La casa de papel-Куќа од хартија“, движењето „Пресврт“, Движењето за промени, сојузот „Можеме за граѓанска Црна Гора“, Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ), како и СДП на Црна Гора.
На изборите ќе учествуваат и ДПС со партнерите – листа „Заедно“, Албанскиот форум, Бошњачката партија, Движењето Европа сега, сојузот „За иднината на Црна Гора“, сојузот Демократи и УРА, сојузот СНП – Демос, Албанската алијанса, сојузот Вистинска Црна Гора – ДХС – ДСС-СЦГ – Движење за Пљевља и Црногорската граѓанска акција.
Државната изборна комисија сега треба да одлучи за валидноста на поднесените листи, со исклучок на листата „Правда за сите“, која е веќе потврдена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа