Огромна потрага по исчезнатиот авион во Хрватска – го бараат повеќе од 120 лица, надлетува и хеликоптер
Над 120 лица учествуваат во потрагата на малиот авион во Хрватска кој што исчезна од радарот.
На терен се припадници на Хрватската планинска спасувачка служба, вработени во Дирекцијата за цивилна заштита, припадници на Државната интервентна единица за цивилна заштита, пожарникари и интервентна полиција, пишува „Индекс“.
Хеликоптер на Министерството за одбрана во моментот го надлетува теренот, а екипите го пребаруваат пеш и со помош на теренски возила.
Малиот авион од типот „Cirrus 20“ исчезна од радарот кај Огулин во Хрватска, околу 12.30 часот на пладне.
Засега не е познато колку патници имало во авионот, а дел од хрватските медиуми повикувајќи се на неофицијални извештаи јавуваат за три лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа