Владата ветува просперитет: Донесена Програмата за работа за 2025 година

 


Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 - 2028 година. Во функција на нивна реализација е и Програмата за работа на Владата во 2025 година што беше донесена на последната седница.

Како што информира денеска владиниот портпарол Марија Митева, презентирајќи ја Програмата, економското заживување на државата е врвен приоритет.

Според Митева, одредена е динамика по месеци за реализација на Програмата, што е потврда за транспарентноста и предвидливоста на Владата.

Програмата има два дела, еден се однесува на акти и материјали по кои одлучува Собранието, а другиот се однесува на Владата.

- Програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети за периодот 2024 - 2028 година, секој дизајниран да одговри на итните предизвици: обвновување на довербата во институциите, ефикасна борба против криминалот и корупцијата, како и владеење на правото. Програмата има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати, напомена владината портпаролка на прес-конференција .

Во првиот дел од Програмата има над 120 предлог-законски решенија меѓу кои се и Предлог-законот за управување со движења на предметите во судовите, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот спречување на корупција и судир на интереси, додека вториот, како што истакна Митева, има поширок опфат и се однесува на сите сегменти.

Околу 100-на активности во Програмата се однесуват на обврските од реформската агенда за 2024 - 2027 година и Планот за раст на Западен Балкан.

- Нашата визија е јасна - држава во која системот функционира, просперитетна економија и Влада која работи за граѓаните и на која граѓаните и веруваат, потенцира Митева.

23.01.2025 - 13:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега