Вучиќ: Не сакам да ја уништам оваа земја, за 10 дена ќе одлучиме дали ќе формираме нова влада
По вонредната седница на српската влада, кон јавноста се обрати Александар Вучиќ кој ги изнесе своите ставови за блокадите, но и ги кажа можните решенија по оставката на Вучевиќ.
„Процедурата е следна, продолжуваме со констатирање на неговата оставка во Собранието и потоа почнува рокот од 30 дена за избор на нова Влада или распишување избори. Ќе ја почнам процедурата и нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди од оние кои некому ласкаат и немаат поддршка од народот. Отворен сум и за двете опции, или за избори или за состав на новата Влада. Благодарение на неодговорното однесување на некои, загрозена е стабилноста и граѓанскиот мир на Србија. Некои поддржуваат насилство на секој можен начин. Во Србија ќе се воспостави ред, а Србија ќе ги зачува стабилноста и мирот“, рече Вучиќ и додаде:
„Во следните 10 дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на избори или не. Ова не го очекувавме, бидејќи сè се одвиваше добро до синоќешниот инцидент, што според мене е необјасниво. Наскоро, како еден од основачите на Движењето, ќе се појавам во Нови Сад и ќе му се обратам на народот, бидејќи бегање од кој било во мојата земја не ми паѓа на памет“.
Вучиќ ги повика граѓаните да се воздржат од насилство кажувајќи дека е згрозен граѓанскиот мир во Србија. Тој изјави дека главната цел моментално во државата е да се задржи стабилноста и дека тој лично ќе се бори за тоа.
„Владата е во технички мандат, ќе донесе неколку одлуки, но суштински мораме да избереме влада или да одиме на избори. 45-60 дена се за изборна кампања, значи изборите би можеле да ги имаме за 75 дена. Толку многу ја сакаат демократијата, референдум и избори, сè може само да не биде нешто демократски, ако може некој на сила. Не може на сила. Можеби и може, но тогаш некој мора да изврши злосторство пред тоа. Е тогаш може. Морате да ме убиете, инаку поинаку нема да прифатам.
Кога сме ние тоа оделе да спречуваме политички собир? Кога тоа се случувало? Како што се случи во Раковица. Кои сте вие за тоа да го забранувате? Што сте си замислиле? Државата е трпелива и стрплива, но тоа не значи дека е можно да ги уништувате животите на другите луѓе. Нашата главна задача е зачувување на целосната стабилност. Лично ќе се ангажирам. Ќе се обидеме да продолжиме да го правиме сето она што го правевме. Ова нанесе голема штета на нашата економија. Кога беше во пикот, имаше 16.750 луѓе, која е целта на блокадата на Аутокоманда? Нашата победа значи стабилност и сигурна иднина на Србија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа