Ужас на летот од Мајами до Рио: Маж силувал 11- годишно дете во авион

 

Бразилската полиција уапси 30-годишен маж за наводно силување и сексуален напад на 11-годишно момче на лет од Мајами до Рио де Жанеиро.

Неименуваниот осомничен, за кого се вели дека е бизнисмен, бил уапсен откако авионот слетал на меѓународниот аеродром Том Џобим во Галеао по летот од САД на 23 јануари, објави Дејлимаил.

Момчето ѝ кажало на мајка си дека за време на патувањето му пришол маж и започнал разговор за игри, пред да го нападне сексуално, велат локалните медиуми. По слетувањето, мајката на момчето го однела директно во полиција, која набргу потоа го уапсила силувачот.

„Според изјавите на малолетникот до неговата мајка, откако тој бил далеку од агресорот и безбедно во зоната на пристигнување, рекол дека сторителот му пришол за време на летот и започнал разговор за заеднички интереси и игри, создавајќи доверба меѓу нив. “, се вели во соопштението на полицијата.

По слетувањето во Рио де Жанеиро, федералните полицајци спровеле истрага на аеродромот и го привеле човекот. Сведочењето на момчето, спроведено во полициската станица за деца и адолесценти и со поддршка на специјализирани стручни лица, ја потврдиле верзијата што ја објави мајката на жртвата, што резултирало со апсење на осомничениот.

28.01.2025 - 23:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега