УХМР најавува врнежи од снег - од понеделник нова промена на времето
Во сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со негативни утрински температури. Од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите, соопшти УХМР.
По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег.
21.02.2025 - 12:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа