Македонија мрзне: Утрово измерени -13 степени
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -13 степени, -11 било во Маврови Анови, -10 во Крива Паланка, -9 во Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес и Куманово, -8 во Тетово, Прилеп и Скопје-Зајчев Рид, -7 во Кавадарци, Виница, Пожаране и Штип, -6 во Гевгелија, -5 во Охрид и Претор, -4 во Струмица.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.
Времето денеска
Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа